Студено утро во целата држава измерија синоптичарите на УХМР. Најниски температури од -4 степени целзиусови во 7 часот се регистрирани во Берово и на Попова Шапка, додека најтопло со 5 степени било во Тетово.

Според официјалните податоци на УХМР, измерени се:

  • -2 степени: Скопје-Петровец, Крива Паланка, Претор, Крушево;
  • -1 степен: Битола, Штип, Велес, Маврови Анови, Лазарополе;
  • 0 степени: Охрид, Кавадарци, Демир Капија, Струмица;
  • 1 до 4 степени: Виница, Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Гевгелија.

Денеска по сончевото претпладне, не очекува промена на времето. Во текот на денот ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а во југоисточните делови е можна појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува умерен, на моменти засилен северен ветер, кој на одредени места ќе надминува брзина од 60 km/h. Максималната температура ќе се движи меѓу 13 и 20 степени.

Во Скопје попладне се очекуваат услови за слаб дожд и засилен ветер во делови од котлината, со максимална температура до 19 степени.

Exit mobile version