Македонија: Регистрирана прекумерна сеча на букова шума

 

Алармантна ситуацијата со прекумерната сеча на дрва во месноста Широки дол во атарот на беровското село Владимирово. Мештани информираат дека појавата е најизразена под врвот на планината Готен, каде ШТО се исечени буки стари над 150 години.

-Овој дел, поточно на 5 километри пред Широки дол го красеше прекрасна бука, стара повеќе од 150 години, каде сите луѓе поминуваа и застануваа, некои да одморат, да каснат нешто и да наполнат вода од блискиот извор, кој се наоѓа под самата бука во месноста Кушово кладенче. Сега белегот на овој дел поточно буката е исечена, а целото место е опустошено и огрозено, информираат локални жители.
 
Реагираат на екипите кои според нив не се од Малешевијата и сечат шума на ова место, каде на секои 15 минути паѓаат буки.
 
-Секој ја знаеше оваа прекрасна бука и ловџии и планинари и сточари и туристи, за кои дрвото беше симбол слично како Мекиците на Стража по патот накај Охрид, велат жителите.
 
Случајот е пријавен до надлежните од каде очекуваат да се испита ситуацијата и да се казнат сторителите.
21.10.2021 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега