Најниска температура утрово во државата е измерена на Попова Шапка, каде термометарот се спушти до -7 степени. Студено утро со температури под нулата е забележано и во Берово, Маврови Анови, Крушево, Крива Паланка, Тетово и Виница. Спротивно на нив, најтопло утрово беше во Гевгелија, каде се измерени 3 степени.
Во однос на врнежите, според УХМР, во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Гевгелија (26 л/м²) и во Демир Капија (20 л/м²).
Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд и снег, главно во северозападните предели. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе биде поизразен по Повардарието. Максималните температури ќе се движат од 2 до 9 степени, додека во Скопје температурата ќе се искачи до 6-тиот степен.

