Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, излезе со сериозни обвинувања за случувањата во јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Според него, во ова градско претпријатие биле евидентирани лица кои воопшто не извршувале работни обврски, а меѓу нив имало и затвореници.
„На платниот список има луѓе кои не доаѓаат на работа, а некои од нив воопшто не се на слобода. Се работи за злоупотреба на јавни пари и систем кој мора итно да се расчисти,“ изјави Ѓорѓиевски, додавајќи дека ќе побара од надлежните институции целосна истрага за случајот.
Тој порача дека јавните претпријатија треба да бидат симбол на чесна работа и одговорност, а не поле за партиски вработувања и фиктивни исплати.
„Граѓаните заслужуваат транспарентност и отчетност. Ова не смее да остане без одговор,“ нагласи Ѓорѓиевски.

