Close Menu
    Најново

    Страшна сообраќајка вечерва во Македонија – осум лица пренесени во болница

    13.12.2025 во 23:17

    Уапсен екс-државниот правобранител Фехми Стафа за поткуп од десетици илјади евра

    13.12.2025 во 22:39

    Грчките земјоделци го одбија Мицотакис: Блокадите се интензивираат

    13.12.2025 во 19:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Страшна сообраќајка вечерва во Македонија – осум лица пренесени во болница
    • Уапсен екс-државниот правобранител Фехми Стафа за поткуп од десетици илјади евра
    • Грчките земјоделци го одбија Мицотакис: Блокадите се интензивираат
    • Забрзување на гасната врска со Србија: Интерконекторот Клечовце-Врање завршува во 2027 година
    • Тинејџер претепан во берберница во Скопје
    • Тепачка на автопатот Гостивар – Тетово: Ги пресретнале со ротација им го пресекле патот, па ги натепале
    • Реакција на ЗНМ: СДСМ ја ограничува слободата на медиумите
    • Паднаа четворица полицајци и адвокат
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    Уапсен екс-државниот правобранител Фехми Стафа за поткуп од десетици илјади евра

    13.12.2025 во 22:39

    Грчките земјоделци го одбија Мицотакис: Блокадите се интензивираат

    13.12.2025 во 19:34

    Страшна сообраќајка вечерва во Македонија – осум лица пренесени во болница

    13.12.2025 во 23:17

    Забрзување на гасната врска со Србија: Интерконекторот Клечовце-Врање завршува во 2027 година

    13.12.2025 во 19:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.