Close Menu
    Најново

    Орце Ѓорѓиевски прв, Амар Мециновиќ втор, Каја Шукова петта на обработени 83,94% податоци

    20.10.2025 во 00:32

    Иако извесен победин Орце Ѓорѓиевски оди во втор круг

    19.10.2025 во 23:57

    Филипче: СДСМ победи во 3 општини во прв круг, води во десетина и влегуваме во втор круг во дваесетина општини

    19.10.2025 во 23:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Орце Ѓорѓиевски прв, Амар Мециновиќ втор, Каја Шукова петта на обработени 83,94% податоци
    • Иако извесен победин Орце Ѓорѓиевски оди во втор круг
    • Филипче: СДСМ победи во 3 општини во прв круг, води во десетина и влегуваме во втор круг во дваесетина општини
    • Тодорче Николовски прогласи победа во прв круг во Кратово
    • Во Струга во втор круг одат независниот кандидат Ќира и кандидатот на НАИ Далипи
    • Мицкоски: Вечерва не славиме, вечерва ветуваме дека секој глас ќе го претвориме во дело
    • (ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа – триумф на народот
    • Коњановски: Апсолутна победа на ВМРО – ДПМНЕ во Битола
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    Иако извесен победин Орце Ѓорѓиевски оди во втор круг

    19.10.2025 во 23:57

    Филипче: СДСМ победи во 3 општини во прв круг, води во десетина и влегуваме во втор круг во дваесетина општини

    19.10.2025 во 23:53

    Орце Ѓорѓиевски прв, Амар Мециновиќ втор, Каја Шукова петта на обработени 83,94% податоци

    20.10.2025 во 00:32

    Во Струга во втор круг одат независниот кандидат Ќира и кандидатот на НАИ Далипи

    19.10.2025 во 23:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.