Close Menu
    Најново

    Нормализиран сообраќајот на ГП Евзони

    09.12.2025 во 23:46

    Дневен хороскоп за 10 декември 2025: Рибите се будат од маглата, Девиците ја преземаат контролата

    09.12.2025 во 23:31

    Жерновски во Топ Тема: Стабилноста, безбедноста и иднината на државата е во прашање доколку дојдат мигранти

    09.12.2025 во 22:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Нормализиран сообраќајот на ГП Евзони
    • Дневен хороскоп за 10 декември 2025: Рибите се будат од маглата, Девиците ја преземаат контролата
    • Жерновски во Топ Тема: Стабилноста, безбедноста и иднината на државата е во прашање доколку дојдат мигранти
    • Пивоваров: Најдобро е премиерот Мицковски да упати демант до британските медиуми
    • 13 затвореници беа пронајдени мртви во затвор во Јужен Еквадор
    • Манекенката која падна од сцената на изборот за Мис Универзум е во критична состојба
    • Тешка сообраќајка кај Караорман-Штип: Пожарникари ги вадат повредените од возилата
    • Посилни партнерства за почисти региони: Пелагонија и Југозапад се посветени на формирање модерен и одржлив систем за управување со отпад
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    Пивоваров: Најдобро е премиерот Мицковски да упати демант до британските медиуми

    09.12.2025 во 22:25

    МВР ќе испраќа и фотографии, процент на тоелранција на брзината ќе има

    09.12.2025 во 10:22

    Лефков: За утврдување каде потфрлил системот, потребно e да заврши судската постапка за Кочани

    09.12.2025 во 20:05

    Инспекција ги „тресе“ матичните гинеколози: Фатени без фискални сметки

    09.12.2025 во 16:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.