Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици ја потресе швајцарската јавност викендов, при што животот го загуби еден државјанин на Македонија.

Инцидентот се случил доцна во саботата вечерта во Шлиерен, кантон Цирих. Во несреќата трагично загина 39-годишен македонски државјанин.

Посебна тежина на случајот му дава фактот што возачот, исто така 39-годишен Македонец, избегал од местото на настанот по сударот, без да му пружи помош на својот тешко повреден сопатник. Возачот подоцна е уапсен.

Според официјалниот извештај на Кантоналната полиција во Цирих, несреќата се случила околу 23:30 часот. Возилото, моќен СУВ (џип) марка „БМВ“ со над 500 коњски сили, се движело од улицата „Енгштрингерштрасе“ кон „Грабенштрасе“.

Полициските експерти врз основа на трагите заклучиле дека возилото „летало“ со значително поголема брзина од дозволената, во зона каде ограничувањето е стриктно 30 километри на час.

Истрагата е сѐ уште во тек и се трага по уште една мистериозна сопатничка која била дел од возилото.

Exit mobile version