Македонец уапсен со дрога на Прешево - платил 100.000 динари за да избегне кривична постапка
22-годишен државјанин на Македонија е уапсен на граничниот премин Прешево, при влез во Србија, поради неовластено поседување наркотични средства.
Според информациите од српските власти, при рутинска контрола, кај патникот биле пронајдени 3,17 грама марихуана. По приведувањето, младиот човек бил испрашан во Основното јавно обвинителство во Врање.
Наместо да се води кривична постапка за делото „неовластено поседување наркотици“, обвинителството му понудило алтернатива – да плати 100.000 динари во хуманитарни цели. Со тоа, тој ќе ја избегне кривичната пријава, судскиот процес и евентуална казна.
Овој случај е уште еден пример за тоа како српските органи применуваат механизми за алтернативно санкционирање на помали прекршоци поврзани со дрога.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа