Македонец срушил споменик на Хан Аспарух во Бугарија
Бугарската полиција уапси Македонец во неговиот стан во градот Левски под сомнение дека го урнал споменикот на Хан Аспарух, јавуваат бугарските медиуми.
Вандалскиот чин бил извршен во раните утрински часови во неделата. Соборувањето на споменикот било снимено од камерите и вработени во општината ја кренале плочата, но не ја известиле полицијата.
Локалните жители сметаат дека мотивот на Македонецот бил „омраза кон сè бугарско“.
02.06.2021 - 09:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа