Македонец подготвувал атентат на поранешниот албански опозициски лидер
Македонскиот државјанин е А.М.(63) жител на Гостивар. Од 1998 година бил вработен во гостиварската полиција во криминалистичко-техничко одделение. Станува збор за лице кое се занимавало со нелегални активности на трговија со дрога и е познат како личност која е подготвена да направи се за пари, пренесуваат медиумите.
Вториот осомничен е А.И.(41) од Приштина, познат по прекарот „Јапонија“. Радикален практичар на исламската религија, поранешен џихадистички борец во Сирија и поврзан со радикални елементи кои се бореле во Сирија. Тој е познат како личност со висок ризик. Уапсен е во јануари 2016 година, откако на патот кон манастирот Дечани бил затекнат со униформа и оружје, заедно со лицата Албан Кељменди од Феризај (Урошевац), Кујтим Курти од Ѓаковица и неговиот сограѓанин Куштрим Рама.
Третиот е Ф.Г. од Косово, осомничен дека е вмешан во обидот за атентат врз А. М од Драч во 2010 година, поради натпревар поврзан со коцкање во Урошевац.
Медиумите потсетуваат дека во април 2017 година поради заканата по живот на Баша му било одредено обезбедување од припадници на Националната гарда, која била одговорна за неговата физичка заштита.
По опсежните истражни дејствија не се констатирани дејствија што би можеле да го загрозат животот на лидерот на опозицијата. Одлука за запирање на истрагата била донесена неодамна од секторот Антитероризам. Сепак судот ќе стави печат дали треба или не истрагата да се прекине, наведуваат медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа