Вчера околу 03:10 часот на паркинг простор од бензинска пумпа на автопатот Куманово – Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ ги лишија од слобода Б.К (40) од Турција и А.Д.(56) од с.Слупчане, општина Липково.
Имено, по преземени мерки, Б.К. е затекнат како од автобусот, со кој патувал од Турција кон Косово, извадил еден пакет кој го предал на А.Д., кој бил со патничко возило „цитроен ц5“ со кумановски регистарски ознаки. Откако А.Д. го зел пакетот и го ставил во своето возило, бил запрен од полициските службеници кои извршиле контрола во возилото и при тоа во пакетот е пронајден jод, без соодветна документација (материја за која што за нејзино внесување, чување и продавање подлежи на посебни лиценци издадени од Министерство за здравство).
Двете лица се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
- Демократското движење: Нов крупен чекор кон официјализирање на Вреди во обединета политичка сила
- Избран е новиот врховен лидер на Иран по смртта на Хамнеи
- Внимавајте кога се договарате со мајстори: Старец измамен за 2.000 евра
- Скриен арсенал: Иранското министерство за одбрана тврди дека најмоќното оружје уште не е употребено
- Орбан и напиша писмо на Фон дер Лајен: Зеленски ме уценува
- Вреди наскоро ќе биде една партија
- Повик за евакуација на Македонци од Абу Даби
- Безбедносен штит: Француските „Рафали“ веќе патролираат над Заливот по наредба на Макрон

