Македонците сепак ќе може да одат и да работат во Германија- познати условите
Граѓаните на Албанија, Босна и Херцеговина,Македонија, Црна Гора, Србија и Косово веројатно ќе продолжат да доаѓаат и да работат во Германија.
Ќе биде продолжена специјалната дозвола, со која се дозволува пристигнување на економски мигранти од земјите на Западен Балкан во Германија. Според нацрт-одредбата, достапна за германската новинска агенција DPA, германското Министерство за труд треба да ги продолжи т.н. Регулативи за Западен Балкан, што ќе важи до 2023 година.
Ова значи дека граѓаните на Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Косово сепак ќе можат да патуваат во Германија за да работат, без оглед на формалните квалификации за вработување, пишува Дојче Веле (ДВ).
Од јануари 2016 година, луѓето од земјите од Западен Балкан можат да добијат виза за работа и да дојдат во Германија – дури и без познавање на германскиот јазик и професионалните квалификации. Предуслов е апликантот да покаже договор за вработување со работодавецот во Германија и дека постои согласност од Сојузната германска канцеларија за вработување (БА).
Апликантот мора да докаже дека претходно нема добиено социјална помош во Германија.
Оваа посебна регулатива е воспоставена поради големиот број на баратели на азил и требаше да престане да важи на крајот на декември годинава.
Според истражувањето на Институтот за пазарот на трудот и професионалното вработување (ИАБ), 58 проценти од работната сила во Западен Балкан работи во Германија како квалификувани или високо квалификувани работници, односно како специјалисти или експерти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа