Министерството за надворешни работи (МНР) ја започна операцијата за извлекување на македонските државјани од воените жаришта на Блискиот Исток. За таа цел ќе биде ангажиран владиниот авион, кој ќе ги преземе граѓаните од безбедна локација до која тие ќе бидат транспортирани по копнен пат.
„Веќе договараме евакуација. Се разгледуваат безбедни алтернативни правци, а првите патници очекуваме да стигнат дома уште утре“, изјавија од МНР за „Макфакс“.
Иако владиниот авион има капацитет за само седум патници, властите преговараат и за комерцијални летови за да се опфатат сите заинтересирани. Досега итна евакуација побарале 19 лица од Израел, додека вкупно 473 македонски државјани се во контакт со нашите претставништва во Тел Авив, Доха и Абу Даби.

