Македонци од Виена: „Не треба да носиме маички со Тејлор Свифт“
Голем број граѓани од Македонија купија карти и заминаа во Виена за да ги следат настапите на Тејлор Свифт. Дел од оние кои заминаа за Виена на концерт за Мета.мк сведочат дека вчера околу стадионот имало многу полиција, но не знаеле што се случува.
„На стадионот имаше премногу луѓе уште 24 часа пред концертот, имаше полиција, но не помисливме дека се случува нешто сериозно. Ние отидовме до таму за да купиме маички кои се произведени за турнејата. Разочарани сме што се откажа концертот, но истовремено сме благодарни што се откри опасноста“, сведочи 21-годишната Искра од Скопје.
Таа вели дека денеска градот е раздвижен и дека нема полиција, но биле советувани да не носат маички или друга облека на која ја има Тејлор Свифт, нејзини фотографии или слични обележја.
Шефот на виенската полиција изјави 65.000 луѓе требало да ги посетуваат концертите дневно.
На сите што купиле влезници, парите ќе им бидат автоматски вратени, соопштија организаторите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа