Македонци - 54,21%, Албанци 29,52%: Ова се резултатите од Пописот

Државната статистика ги објави бројките од пописот кој минатата година се спроведе во Македонија. Вкупниот број на попишани 2.097.319 лица од кои 1.836.713 се резидентно население, а 260.606 лица се нерезидентно население.

Од вкупниот број попишано население Македонци се 54,21 %, Албанци, 29,52 %, 3,98 % Турци, 1,18 се изјасниле како Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи.

Од резидентното население како Македонци се изјасниле 58,48 отсто од граѓаните, 24,3 се Албанци, 3,86 се изјасниле како Турци, 2,53 како Роми, 0,94 отсто се Власи, а 0,87 отсто Бошњаци.

Од нерезидентното население, пак, што значи македонски граѓани кои се надвор од државата повеќе од 12 месеци и странци кои се во земјава помалку од 12 месеци, 24,45 отсто рекле дека се Македонци, а 66,36 Албанци, 4,79 се изјасниле како Турци, 1,02 Роми 0,19 Власи, а 0,35 Срби.

Директорот на ДЗС, Апостол Симовски рече дека успешно и професионално е завршен процесот на попишување на населението домаќиствата и становите.

– Успешен и професионален завршен Попис во 2021 година. Податоците ги објавуваме во предвидениот 6 месечен период, нагласи Симовски.

 
30.03.2022 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега