Истражувачи од „Мајкрософт“ развија нов систем со вештачка интелигенција кој дијагностицира болести чекор по чекор, на истиот начин како што тоа го прават лекарите. Според студијата неодамна објавена во престижното научно списание „Сајенс“ (Science), оваа алатка се покажала како повеќе од двојно попрецизна од општите лекари во решавањето на сложени медицински случаи.

За разлика од постојните модели кои ги анализираат сите симптоми, лаборантски резултати и скенирања истовремено пред да дадат дијагноза, новиот систем користи напреден координативен систем. Тој го организира процесот преку симулиран тим од клинички експерти кои соработуваат за решавање на дијагностичкиот случај.

Моделот самостојно одлучува кои прашања да му ги постави на пациентот за неговата медицинска историја, кои наоди од физичкиот преглед се значајни и кои прегледи и тестови треба да се извршат. Врз основа на добиените резултати, системот постепено ги разгледува податоците и, доколку е потребно, нарачува дополнителни испитувања сè додека не дојде до точна дијагноза.

Exit mobile version