Мајката на убиецот од Цетиње: Јас сум без душа, не знам дали ќе преживеам

Два дена по инцидентот во Цетиње, каде што загинаа 11 лица и шест се повредени, Светлана Бориловиќ која му е мајка на убиецот Вук Бориловиќ даде коментар за српски „Телеграф“.

Светлана кажа дека Вук ги загубил нервите и сè направил несвесно. Несреќната жена тврди дека ништо не покажувало дека ќе се случи трагедија.

„Јас сум без душа и не знам дали ќе ја преживеам оваа болка. Како можеше ова да ми се случи од моетоп дете, цел град и земја да ја завие во црно!? Зошто сине? Постојано се прашувам, а одговор нема да добијам“, вели Светлана.

Светлана, исто така, кажа дека Вук не бил во лоши односи со ниту една од жртвите и не ѝ е јасно зошто ова се случило.

15.08.2022 - 18:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега