Мајка од Италија си го напуштила бебето во болница зашто било позитивно на корона

Италијанка го напуштила своето бебе откако го однела во болница и му било дијагностициран вирусот Ковид-19, соопштија италијанските доктори.

Кога минатата недела жената и бебето пристигнале во болницата во Палермо, биле тестирани за коронавирус и двете биле позитивни. Но, додека бебето се лекувало во градската болница Ди Кристина, мајката избегала и го напуштила бебето.

Во моментов полицијата ја бара бидејќи не одговарала на повиците на здравствените работници.

"Медицинскиот персонал се обидуваше да ја контактира мајката со денови, но не можевме да ја досбиеме. Потоа повикавме полиција и рековме дека можеби имаме случај на напуштено бебе", изјави докторката Марилу Фунари.

Како што јавуваат дел од италијанските медиуми, жената прво лажела дека е тетка на четиримесечното бебе, пред да исчезне на 12 октомври. Два дена подоцна во болница се појавила уште една жена која тврдела дека е тетка на детето. Токму таа ситуација им била сомнителна на докторите кои ја контактирале полицијата по што жената побегнала.

За среќа, бебето оттогаш се опоравило од ковид-19

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 23:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега