Васка Лазарова, мајката на трагично загинатиот млад фудбалер Андреј Лазаров, по првото судско рочиште за несреќата во дискотеката „Пулс“ зборуваше за болката, разочарувањето и револтот што ја следат откако ја загубила својата единствена радост.

Таа со тешко срце раскажа дека не успеала да го прегрне синот во миговите пред трагедијата, иако штотуку се вратил од странство каде тренирал фудбал.

Си дојде во девет и пол вечерта, излезе… Јас бев во Турција и не можев ни да го видам. Толку беше“, вели Лазарова, потсетувајќи дека последен пат го видела пред два месеци поради интензивните негови тренинзи и обврски.

Таа говори и за скромните семејства кои ги изгубија своите деца, опишувајќи ги како „преталентирани, преубави, скромни“. Болката, додава, е иста за сите мајки – независно од тоа што работеле и каков живот имале нивните деца.

Но најголемиот револт го упати кон адвокатите на обвинетите.

Нека се чукнат во глава… дали имаат тие деца и дали некој ден може и нивните да ги снајде истата судбина“, кажува Лазарова со силна огорченост.

Потоа продолжува:

Со какви пари ќе се вратат дома? Со кои крвави пари?“ – прашува таа, алудирајќи дека постапките на одбраната дополнително ги повредиле родителите, исто толку силно како и денот кога ја доживеале трагедијата.

Exit mobile version