Николас Мадуро денеска за првпат јавно се обрати пред федерален суд во Соединетите Американски Држави, откако беше екстрадиран од Венецуела, изјавувајќи дека не се чувствува виновен и дека е незаконски одземен од својот дом во Каракас.
Откако му беше побарано да го потврди својот идентитет, Мадуро стана пред судот додека му беше читано резимето од обвинението. Во своето кратко обраќање тој истакна дека сè уште е претседател на Венецуела
„Не сум виновен. Јас сум чесен човек и сè уште сум претседател на мојата држава. Бев киднапиран од мојот дом во Каракас“, изјави Мадуро, по што повторно седна.
Рочиштето започна во федералниот суд „Даниел Патрик Мојнихан“ на Менхетен. Судскиот процес го води судијата Алвин Хелерстин, кој на почетокот ги поздрави присутните и ја нагласи својата улога во постапката.

