Остварив пријатна и конструктивна средба со мојот пријател Башким Бакиу, кандидатот за градоначалник на Скопје од Коалицијата ВРЕДИ, напиша на социјалните мрежи Сотир Лукровски кандидатот за градоначалник на Карпош.
„Му благодарам за искрената и силна поддршка за вториот круг, поддршка што дава дополнителна енергија, мотивација и верба дека сме на вистинскиот пат.
Промените во Карпош веќе започнаа.
Со обединети сили, кон уште поголема победа во вториот круг“, стои во објавата на Лукровски.