Close Menu
Press24
    Најново

    Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија

    04.08.2026 во 16:28

    Инцидент во Петровец: Сосед ја натепал сосетката

    04.08.2026 во 16:20

    Пукање на семејна веселба во Сарај: Пронајдени 23 чаури во дворот на 62-годишен скопјанец

    04.08.2026 во 16:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
    • Инцидент во Петровец: Сосед ја натепал сосетката
    • Пукање на семејна веселба во Сарај: Пронајдени 23 чаури во дворот на 62-годишен скопјанец
    • Стружанец претепал дете на плажа – кривично ќе одговара
    • Се уште активен пожарот во кавадаречко, гори нискостеблеста шума
    • Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
    • Полицијата му влезе дома и го фати со марихуана: Тинејџер заврши зад решетки
    • Македонија прва во Европа по растот на минималната плата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лукровски: Извршивме дезинфекција во Димо Хаџи Димов

    Лукровски: Извршивме дезинфекција во Димо Хаџи Димов

    02.12.2025 во 17:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Советот на Општина Карпош заседаваше по четврти пат, при што советниците расправаа и полноправно одлучуваа по 10 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. На самиот почеток од седницата, градоначалникот Сотир Лукровски ги информираше советниците во врска со случајот со труење на основците од „Димо Хаџи Димов“.

    – „По оваа несакана случка, Општина Карпош веднаш презеде серија итни и координирани мерки, за заштита на здравјето и безбедноста на учениците и персоналот во училиштето. Во таа насока, претставници од Општина Карпош од самиот почеток се во постојана комуникација со надлежните институции, поточно со Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје“ – посочи Лукровски.

    Првиот човек на Општината наведе дека надлежните институции во врска со овој случај реагираа веднаш, земајќи примероци од храната, водата и работните површини во училиштето. – „Паралелно со случувањата, Општината обезбеди услови за спроведување на сите превентивни, редовни и вонредни мерки во училиштето, при што на 28 ноември беше спроведена вонредна дезинфекција на целиот училишен објект“ – информираше Лукровски.

    Инаку, во текот на минатата недела, Институтот за јавно здравје ја информираше јавноста дека причина за труењето се грам-негативни бактерии од групата Enterobacteriaceae (ЕНТЕРОБАКТЕРИИ), пронајдени во мусаката што ја консумирале децата. Исто така, откриено е присуство на фекални бактерии на три чешми во училиштето. Во исто време, ЈП „Водовод и канализација“ изврши вонредни проверки и земање примероци од училница и кујна. Според нивните резултати, водата во училиштето е санитарно исправна и е во согласност со сите барањата од правилникот за безбедност и квалитет.

    – „Сакам да ве информирам дека случајот внимателно и посветено го следиме од самиот почеток. Целта ни беше да не шириме паника и да не оставаме простор за ширење на дезинформации и шпекулации, па од тие причини чекаме да добиеме официјални информации од анализите. По добивање на целосниот извештај од надлежните институции кои ги спроведуваат анализите, Општина Карпош ќе ги преземе сите потребни мерки и чекори во рамки на нашата надлежност. Ве уверувам дека безбедноста на децата и нивното здравје се наш апсолутен приоритет и токму поради тоа во иднина ќе продолжиме со засилени хигиенски мерки, инспекциски надзори и унапредување на стандардите во сите основни училишта во Карпош“ – образложи градоначалникот Сотир Лукровски.

    Прочитај повеќе

    Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија

    04.08.2026 во 16:28

    Инцидент во Петровец: Сосед ја натепал сосетката

    04.08.2026 во 16:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.