Лукашенко: Русија не може сама да се бори против проширување на НАТО

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко повика на зајакнување на Организацијата на Договорот за колективна безбедност.

 

Тоа е воена алијанса предводена од Русија, а Лукашенко на состанокот во Москва кажа дека треба да го консолидираат статусот.

„Русија не може да се бори сама против проширувањето на НАТО“, кажа Лукашенко.

Заедно со Русија и Белорусија, CSTO ги вклучува и поранешните советски републики Ерменија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан, но ниту една членка не испратила војска да и’ помогне на Русија.

16.05.2022 - 20:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега