Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во „Тема на денот“ на Сител, обвини дека ребалансот на Буџетот, кој денес беше усвоен во Собранието, е потврда за погрешното економско планирање на Владата.
„Овој ребаланс не претставува развој. Напротив, станува збор пред сè за едно погрешно планирање. Моето клучно прашање денес беше каде се потфрли – на приходната страна, на расходната страна, кај дефицитот или на сите три полиња заедно. Имаме буџетски дефицит од 7 милијарди денари, а јавноста сè уште нема одговор за што точно ќе бидат потрошени тие средства“, рече Лукаревска.


