Лукаревска од Гази Баба: Довербата во СДСМ расте затоа што граѓаните знаат дека СДСМ ја има најдобрата понуда за секоја општина
Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска придружувана од градоначалникот Борис Георгиевски и претседателот на ОО СДСМ Гази Баба, Марко Ѓоргиевски вечерва беше на маалска средба со граѓани во општина Гази Баба.
Пред присутните Лукаревска посочи дека СДСМ е постојано со граѓаните, затоа што има со што да се пофали, со реални мерки и политики како на централно така и на локално ниво.
- Четири години покажуваме што значи посветеност, одговорност во водењето институции. Преку нашите економски политики успеавме да ја зголемиме минималната и просечната плата, ги покачивме пензиите, а парите ги враќаме назад кај граѓаните. На локално ниво инвестираме во изградба на улици и патишта, водоводи и канализација, нови детски градинки и училишта, нови спортски и детски игралишта. Зад нас се четири години на успеси на економски, социјален и локален план, порача Лукаревска.
Таа порача дека граѓаните го препознаваат искрениот и чесен однос на СДСМ и затоа нивната доверба во концептот и политиките на СДСМ постојано расте, а потврда за тоа се и анкетите од релевантни агенции.
- Денеска и анкетата на Брима потврди дека довербата на граѓаните е кон СДСМ, дека таа доверба постојано расте, дека СДСМ е фаворит на претстојните локални избори. Тоа е така затоа што граѓаните препознаваат дека само со СДСМ е можен развојот на општините, само со СДСМ е можен напредокот на државата, тоа е потврда дека СДСМ е најдоброто како за Гази Баба така и за целата држава, заклучи Лукаревска.
21.07.2021 - 22:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа