Лукаревска: Европската перспектива треба да е заеднички именител на сите политички чинители

Стратешката цел за членство во ЕУ е на дофат и оттаму, уставните измени се обврска за да продолжи европскиот пат, не е тоа перспектива на СДСМ и на Владата или на некои членови на Владата, туку треба да е именител на сите полиитчки чинители во државата, порача заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија.

Лукаревска повика сите пратеници да бидат на висина на одговорноста пред граѓаните и државата, да дадат придонес во реализација на уште една стратешка цел.

„Од денот на независнота нашата траса е кон ЕУ и НАТО, тоа со НАТО го завршивме, втора стратешка цел е ЕУ за која секојденвно многу зборуваме и конечно треба да ја иставриме. Не би сакала да верувам дека постои некој во Собранието, некој од пратениците што не и мисли добро на државата.  ЕУ значи сигурност, развој и раст во секој поглед, но да стигнеме до таа фаза мора да ги завршиме своите задачи дома, а тоа ќе го сториме само со дијалог и со висока политичка култура, затоа што друга алтернатива освен ЕУ ние немаме“ порача Лукаревска.

Лукаревска посочи дека лажните вести за наводна бугаризација и асимилација, за бришење на македонскиот јазик што опозицијата ги пласираше на крајот пропаднаа а најдобар доказ за тоа е потпишувањето на Договорт за Фронтекс на официјален македонски јазик без никакви фусноти и додавки.

16.03.2023 - 19:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега