Лука Модриќ го надмина Кристијано Роналдо

Реал Мадрид славеше на гостувањето кај Алмериа на отварањето на новата сезона во Ла Лига. За првите три бода во сезоната на „кралскиот тим“ му беше потребен пресврт откако губеше на полувремето, но преку Лукас и Алба успеа да ја надокнади негативата до самиот крај.

А, хрватскиот репрезентативец, Лука Модриќ покрај победата имаше и дополнителен мотив за славје откако на синоќашниот натпревар го премина Кристијано Роналдо на вечната листа по бројот на одиграни натпревари во дресот на мадридкиот великан.

Хрватот го одигра 436 натпревар за Реал Мадрид и се искачи на 17. место на вечната листа, зад него оставајќи го најдобриот голгетер во историјата на клубот. Пред Модриќ со 450 одиграни натпревари сега се наоѓа Емилио Бутрагуено, легендата клубот кој во моментот ја врши функцијата на спортски директор.

15.08.2022 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега