Луѓето со оваа крвна група најмногу привлекуваат комарци!

Според резултатите од истражување на Универзитетот Флорида, ако ја имате оваа крвна група, вие сте магнет за комарци.

Дали сте забележале дека некои луѓе им се попривлечни на комарците за разлика од други? Науката вели дека за тоа најверојатно е виновна крвната група.

За женките комарци и за размножувањето е исклучиво важен протеин од човечката крв. Но, факт е дека некоја крв им е „послатка“. Истражувањата покажале дека двапати им се попривлечни луѓето со нулта крвна група, за разлика од оние со крвна група А.

Луѓето со крвна група Б се наоѓаат во златна средина.

Дури 85 проценти од луѓето произведуваат секрет кој ја сигнализира нивната крвна група на комарците, поради што повеќе ги привлекуваат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа