Лозарите во борба за праведни цени: Бараат законски измени
Регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари" бара измени на Законот за вино за уште пореални цени на грозјето. Како што рече денеска претседателот на здружението Дане Јошев, сегашните цени се донекаде поволни и повисоки од лани, но целта на законските измени што се бараат, е лозарството да биде исплатливо и младите да не го напуштаат, заминувајќи во странство.
Вчера Институтот за лозарство ги објави производствените цени за килограм грозје од најзастапените вински сорти на грозје, вранецот и смедеревката.
-Бараме измени на Закон за вино за уште пореални цени за килограм грозје. Според Институтот, таа цена согласно трошоците и заработувачка за лозарите, изнесува 20,80 и 18,30 денари за килограм. Со измени во законот бараме поголем удел на лозарската заработувачка во вкупната цена за килограм грозје, за да биде лозарството исплатливо и младите да не го напуштаат и да не заминуваат во странство, појасни Јошев, кој потсети дека сегашните цени се донекаде поволни за нив и се повисоки од ланските, истакна Јошев.
Тој нагласи дека производителите и натаму инсистираат да има инспектори континуирано на откупните ваги, за да нема манипулации при откупот на грозјето и да се плаќа плус за грозјето со повеќе шеќерни единици.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа