Времето утре наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти УХМР.
Во Скопје, сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Во четврток утрото ќе се задржи постудено, а во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.
Во петок и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Утринските температури ќе бидат во пораст, а дневните без поголема промена.
Од понеделник ќе има стабилизирање на времето.


