Цените на нафтата денес бележат нов сериозен раст на светските берзи, поттикнати од геополитичките тензии на Блискиот Исток и стравувањата од можни нарушувања во глобалното снабдување.

Според последните податоци од пазарите, северноморската нафта „Брент“ веќе се продава по цена од околу 105 долари за барел. Истовремено, американската сурова нафта WTI се движи околу 100 долари за барел.

Инвеститорите остануваат претпазливи поради неизвесноста околу безбедноста на транспортните рути, особено околу Ормутскиот Теснец, кој е клучна точка за светската трговија.

„Во изминатите денови пазарот реагираше чувствително на секоја информација поврзана со можни ограничувања во снабдувањето, што дополнително ги турка цените нагоре“, коментираат економските аналитичари.

Експертите предупредуваат дека доколку тензиите продолжат, цената на „Брент“ многу брзо би можела повторно да надмине 110 долари за барел.

Овој нов скок на суровата нафта на светските пазари будно се следи, со оглед на тоа што директно влијае врз цените на горивата во малопродажбата, транспортот и глобалната инфлација.

Exit mobile version