Неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија беше 20 март – Рамазан Бајрам кога воедно добивме и продолжен викенд, а следно, четири дена одмор имаме за Велигден, големиот Христијански празник.
10 април е Велики Петок, 13 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден, па добиваме 4 дена одмор, но според временската најава, времето за празникот нема да ни се погоди.
За време на Велигден, според прогнозата на Accuweather, ќе има дожд и променливо облачно време.

Инаку, според УХМР, оваа недела не очекува дожд и променливо облачно време. Денес времето ќе биде променливо облачно, а попладне на повеќе места ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од -2 до 5 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 9 и 15 степени.
Во Скопје исто така ќе има променливо облачно време, со услови за слаб дожд попладне во делови од котлината. Температурата ќе се движи од околу 3 степени наутро до 15 степени во текот на денот.
Во вторник и среда ќе преовладува стабилно и потопло време. Во четврток ќе има засилен до силен ветер од јужен правец, а кон крајот на денот се очекуваат врнежи од дожд. Во петок врнежите на места ќе бидат пообилни, проследени со намалување на дневната температура.

