Времето денес ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, главно од североисток. Минималната температура ќе се движи од -1 до 5 степени, додека максималната ќе биде помеѓу 10 и 15 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје се очекува променливо облачно време, со можност за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 4 степени, а дневната ќе достигне околу 13 степени.
Под влијание на циклонска активност, од денес до петок ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и снег. Со падот на температурите, врнежите на некои повисоки места ќе преминуваат во снег. Пообилни врнежи се очекуваат утре и задутре, при што локално може да наврнат и над 50 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен ветер, кој во среда повремено ќе се засилува и ќе биде од североисточен правец. За време на викендот, времето ќе се стабилизира и ќе следи постепен пораст на дневните температури, соопштува УХМР.

