Локални избори во Франција, важен тест за Макрон

Во Франција денеска се одржуваат локални избори, што ќе биде тест за популарноста на лидерот на десницата, Марин Ле Пен.

Првиот круг на локалните избори доаѓа по ограничувањата во земјата веќе година и пол, полицискиот час и заклучувањето поради пандемијата на коронавирусот и ќе биде предизвик за претседателот Емануел Макрон, со проекции кои покажуваат дека неговата партија нема да освои ниту еден од 13-те региони на континентална Франција, пренесува „Ројтерс“.

Според анкетите, лидерот на десното Национално собрание Марин Ле Пен е рамо до рамо со Макрон, пренесува европски „Политико“.

Анкетите покажуваат дека одзивот на регионалните избори може да биде на рекордно ниско ниво од околу 40 проценти.

Социјалистите и конзервативните републиканци (ЛР), кои доминираа во француската политика до поразот во 2017 година, продолжуваат да се држат добро на регионално ниво. Секој од нив во моментов има моќ во пет региони, од вкупно 18.

Според најновите анкети, Националното собрание е во позиција да освои моќ во барем еден регион, што би било првпат во историјата на Франција.

Многумина во Франција сметаат дека регионалното гласање е чекор кон Елисејската палата за Марин Ле Пен, која ги загуби изборите во 2017 година токму од Макрон, според „Еуроњуз“.

Макфакс

 
20.06.2021 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа