Close Menu
Press24
    Најново

    Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо

    28.10.2026 во 17:12

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Локализиран големиот пожар кај Валандово

    Локализиран големиот пожар кај Валандово

    12.07.2026 во 10:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со околу двочасовна интервенција од воздух и со формирање на заштитен појас од копно за да се спречи натамошно ширење, пожарот кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово е локализиран. Ова за МИА го потврди градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев, кој очекува пониските вечерни температури да помогнат за целосна ликвидација на пожарот во утринските часови.

    – Пожарот во моментот е локализиран. Пресечени се приодите, односно со помош на механизација направен е појас за пожарот да не може да се шири. Се работи за многу тешко пристапен терен, гори нискостеблеста шума и среќна околност е што ТППЕ Валандово веднаш излегоа на терен со цел капацитет за да делуваат, но и брзата реакција на директорот на ДЗС Стојанче Ангелов, кој ги упати авионите кон ризичното подрачје. Досега имавме околу седум налети, прво со двата, а потоа со еден авион Ер трактор, кои гаснат во непристапниот терен, изјави Камчев.

    Тој соопшти дека на терен покрај валандовските пожарникари, се екипи на ЈП „Македонски шуми“, ловното друштво „Oрел”, полицијата која го обезбедува местото и шумската полиција.

    За пожарот на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма денес соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од каде информираа дека настанот е пријавен во 12:37 часот.

    Од локалната самоуправа посочуваат дека, според првичните сознанија, не станува збор за случаен предизвикувач на пожар, туку за лице кое добро го познава теренот и избира локации каде што противпожарните екипи најтешко можат да интервенираат.

    Паралелно со интервенцијата, ТППЕ Валандово повторно упати апел до граѓаните да не палат стрништа и други површини на отворен простор, потсетувајќи дека ваквите постапки се казниви согласно закон и претставуваат сериозна опасност за животот, имотот и животната средина.

    -Против секое лице кое ќе биде затекнато или пријавено дека пали стрништа ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежните институции, информираат од ТППЕ Валандово.

    Од службата ги повикуваат граѓаните веднаш да пријават доколку забележат пожар на телефонските броеви 193 (Територијална противпожарна единица) или 112 (Единствен број за итни случаи).  Воедно, од општината потсетуваат дека сè уште е во сила владината одлука за целосна забрана за движење во шумите, освен за лицата кои поседуваат соодветна дозвола издадена од ЈП „Национални шуми“ – се посочува во соопштението од ДЗС.

    Прочитај повеќе

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.