Љутков: Власта сама си признава дека ним културата им е на последно место

 

„Ние шест години не видовме никаква тенденција во културата. Тие самите си признаваат дека ним културата им е на последно место. Не даваат никаков приоритет“, истакна Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во радио „Лидер“ говорејќи дека власта воопшто не се грижи за културата во Македонија.

Љутков рече дека сите неправди кои што се случуваат на граѓаните на Македонија се и преку културата.

„Имаш министерка која вели заборавете на овие теми, заборавете малку на историјата, дајте со весели теми да се занимаваме. А, главниот столб се културата и образованието. Се што ни се случува овие шест години, сите напади на јазикот, на идентитетот, промената на името, ова што ни се случува сега со Бугарија, значи се е преку културата“, нагласи Љутков.

Тој посочи дека и оспорувањето на историски личности исто така се случува преку културата.

„Министерката моментално е испокарана со сите, дали со ликовни уметници, дали со музичари, дали со филмските работници. Со еден збор таа е испокарана со сите. Моментално сите филмски работници во Република Македонија се скарани со министерката дури и пишаа и писмо.  А, тоа се нема случено во историјата на Македонија, да ти се потпишат сите филмски работници“, укажа Љутков.

Љутков додаде дека нема комуникација со министерката за култура. 

 

 

26.09.2023 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега