Љутков: Партиски интереси и критериуми на Конкурсот на Министерството за култура
Зоран Љутков на својот фејсбук профил пишува дека резултатите од Конкурсот на Министерство за Култура се врз основа на партиска припадност.
„За првото издание на "Тајмлес фестивал", организиран од Мастер Про Продукција се издвоени дури 2.204.000 денари.
Ако видиме кој стои зад оваа неодамна создадена фирма ќе ја видиме Ана Стојковска Стефановска, вработена во една македонска банка. Ново лице на македонската културна сцена, во кое е препознаен врвниот национален интерес во културата!
Врз основа на кој критериум Комисијата ги препозна нејзините менаџерски способности?
Колку бодови се дадени за нејзините досегашни достигнувања, кога се работи за сосема непознато лице во музичките кругови, без менаџерски беграунд, продукција за која нема многу информации за претходно организиран културен настан.
Очигледно, единствената квалификација за исполнување на сите „критеруми на Конкурсот“ е нејзината партиска припадност!!!
Бисера, Таче може да те брани колку сака, не ви проаѓа."- стои во неговата објава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа