Љупчо Николовски ја напушта партиската функција - СДСМ ќе добие нов генерален секретар

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски ќе ја напушти партиската функција откако лидерот на партијата ќе ја ефектуира оставката.

Тој оваа информација ја потврдил за ТВ24.

-Кога претседателот ќе даде оставка, целото раководството е во оставка и тоа не е најважно. Најважно во моментов е демократското мнозинство во парламентот и да не се вратиме во времето на страв и на реваншизам, против кое се боревме, изјави Николовски.

Заев на денешната прес-конференција по средбата со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши рече дека ќе побара од органите на партијата во вторник да биде свикан Централниот и Извршниот одбор за да се констатира неговата оставка и да почне постапката за избор на нов лидер.

Рече и дека идниот претседател на СДСМ треба да биде и мандатар за состав на нова Влада.

– Органите и телата на партијата ќе го кажат тоа. СДСМ нема донесено одлука. Мојот личен став од досегашното искуство и минатото во нашата држава кога еден човек бил премиер, а друг претседател на владејачка партија, е дека лидерот на партијата треба да биде и мандатар затоа што во тој случај и одговорноста и легитимитетот е комплетен, рече Заев.

Во однос на информациите објавени во дел од медиумите дека Димитар Ковачевски ќе биде новиот лидер на СДСМ и новиот мандатар, Заев рече дека претстои процес на избор од страна на членството на СДСМ и оти партијата преку непосредни избори ќе одлучи кој ќе биде идниот лидер.

19.11.2021 - 20:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега