Љубителите на кафе се подобри во кревет - на што се должи тоа?

Дали сексуалниот живот е добар или лош зависи од личноста со која спиете, но се чини дека науката сепак открила зошто некои луѓе се подобри љубовници.

Едно истражување на Универзитетот во Тексас покажало дека само две шолји кафе на ден влијаат позитивно на сексуалниот живот.

Мажите кои ја пијат таа количина на кафе се изложени на 42% помал ризик од еректилна дисфункција. Освен тоа, кафето го зголемува женското либидо. Се засилува протокот на крвта низ телото до гениталиите, а науката верува дека жените кои пијат барем една шолја кафе дневно имаат зголемена желба за секс.

Кафето нè прави подобри во спортот, а со оглед на тоа што сексот е физичка активност, ова се однесува и на спортските активности во креветот.

Издржливоста е исто така многу важна, а научниците заклучиле дека многу спортисти, кои со години добиваат златни медали, пијат кафе пред вежбање.

Мирисот на кафето го намалува стресот

Истражувањата откриваат дека мирисот на кафето може да го намали стресот предизвикан од недостигот на сон. Па, ако цела вечер сте биле будни со партнерот во кревет, утринското кафе е задолжително.

Љубителите на кафе се посреќни

Резултатите покажуваат дека љубителите на кафе се посреќни од луѓето кои воопшто не пијат кафе. Другите извори на кофеин, како што се соковите или многу засладените кафиња, може да ве фрлат во депресија поради сите тие додатоци, а обичното кафе го поттикнува производството на хормони за среќа. Посреќните луѓе се посреќни и во кревет, а и поубаво е да се спие со некој кој е добро расположен.

Мозокот работи подобро

Паметните луѓе се подобри љубовници, а ова го потврдиле бројни истражувања. Научниците веруваат дека кафето го одржува мозокот поздрав подолго време, бидејќи кофеинот го тера мозокот да се разбуди и го држи буден.

23.09.2021 - 23:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа