Љубе Бошкоски итно примен на инфективната клиника

Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, синоќа бил примен на Инфективната клиника поради влошена состојба со Ковид-19.

Бошкоски пред неколку дена потврди дека е позитивен на вирусот, и се наоѓа во самоизолација во Челопек, и дека нема симптоми.

Меѓутоа ситуацијата се влошила, и тој итно синоќа бил примен на Инфективна.

Засега нема официјални информации околу неговата здравствена состојба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа