Лиз Трас: Заедно можеме да ја победиме оваа бура

 

 

Зборувајќи пред познатата црна врата пред резиденцијата на Даунинг стрит, Лиз Трaс го спомена и Борис Џонсон, кого го нарече многу важен премиер.

– Знам дека имаме сè што ни е потребно за да ја натераме Британија повторно да профункционира – рече таа, според „Скај њуз“.

Таа потоа кажа кои ќе бидат трите приоритети на нејзината влада.

– Развој на економијата со намалување на даноците, борба против економската криза и подобрување на пристапот до здравствена заштита – рече таа.Новоизбраната премиерка на Велика Британија, Лиз Трас, денеска првпат ѝ се обрати на нацијата откако беше именувана на оваа функција. Во својот прв говор таа им порача на Британците дека заедно можат да ја пребродат бурата.

06.09.2022 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега