Лишени од слобода татко и син од штипско - таткото останува во притвор
Вчера во 07.00 часот во с.Селце, штипско, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода А.М.(54) и Д.М.(32), двајцата од с.Селце.
При претрес во домот на Д.М. во Штип, извршен со судска наредба, била пронајдена ловечка пушка „бајкал“, за која не поседувал дозвола. Подоцна, исто така, со судска наредба, бил извршен и претрес во домот и возило „лада“ на неговиот татко А.М., при што биле пронајдени и одземени 69 боеви куршуми со различен калибар, 289 ловечки патрони, 34 маневарски куршуми, пакувања со барут, пакувања со оловни сачми, пиротехнички средства, алат за рачно полнење на муниција, една ловечка пушка „ИЖ“ 18 калибар 12 мм и ловечки патрони.
По наредба на јавен обвинител, лицата биле задржани во полициска станица. Против А.М. по брза постапка била поднесена кривична пријава по член 396 став 2 - „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. Додека од судија на претходна постапка при Основен суд Штип му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена. Против Д.М. ќе биде поднесена кривична пријава по редовна постапка по член 396 став 1 од кривичниот законик.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа