Лидерите на Луганск и Херсон побараа од Путин приклучување кон Русија
Проруските власти од украинските територии Луганск и Херсон денеска соопштија дека ќе поднесат барање за приклучување кон Русија.
Ова соопштение доаѓа ден по референдумите за отцепување на териториите од Украина, а лидерите на Луганск и Херсон наскоро ќе испратат барање до рускиот претседател Владимир Путин.
„Бараме од вас да го разгледате приклучувањето на Народната Република Луганкс кон Русија“, кажа Леонид Пасечник.
Лидерот на Доњецк, Денис Пушилин соопшти дека ќе оди во Москва, исто како и Владимир Салдо од Херсон.
28.09.2022 - 23:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа