Левицата: ДУП-от во населба Лисиче ја бетонизира општината
После нашата реакција на 10 април за шверцување на ДУП за Населба Лисиче и острото реагирање на жителите од населбата, денеска со изјава излезе градоначалникот Тимчо Муцунски. Тој, исто како и во претходните случаи, прстот го впери кон неговиот претходник Златко Марин за да се извади поради неефикасното работење и неспособноста со која ја води општината, велат од Левицата.
Според оваа партија истиот Тимчо Муцунски, како што велат, во предизборната кампања ветуваше ЕКО општина со многу зеленило и СТОП за урбаната мафија и БЕТОНИЗАЦИЈА, како и поништување на сите штетни одлуки од претходниот градоначалник кои се однесуваат на жителите на општина Аеродром.
„Го прашуваме јавно:
-Дали со ваков ДУП се спречува бетонизацијата во општината?
-Како им се подобрува квалитетот на живот на жителите на Населба Лисиче со изградба на нови згради?
-До кога мисли да се вади со неговиот претходник за неговите неуспеси?“, се подвлекува во реакцијата од страна на Левицата.
Додаваат дека советниците на Левица од општина Аеродром будно ја следат ситуацијата и ќе реагираат на сите „шверцерски потези кои влече градоначалникот Тимчо Муцунски“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа