Левица: Владата ја субвенционира струјата од џебот на граѓаните додека ЕСМ остварува милионски профити

„Додека Ковачевски се фали дека граѓаните би плаќале пет пати повисоки сметки за струја ако не се субвенциите, или во превод нашите пари, Бесими порача дека поддршката во вид на субвенции за ублажување на ефектите од енергетската криза ќе продолжи и годинава. Според Ковачевски, 600.000 домаќинства и 70.000 компании, кои се на регулираниот пазар, се снабдуваат со субвенционирана струја.“- велат од Левица.

0Во Буџетот оваа година се предвидени 225 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството за справување со енергетската криза, од кои дел се наменети за ЕСМ. Овие субвенции се народни пари кои се слеваат во Буџетот преку даноците, глобите, судските и административните такси.

Изминатата грејна сезона, Владата преку субвенции кон АД ЕСМ префрли 320 милиони евра народни пари. Огромен процент од субвенциите се прелеани во фирми блиски на власта за услуги во РЕК Битола и набавка на струја за покривање на универзален снабдувач.-додаваат од партијата.

„Од друга страна, според финансиските извештаи, поголемиот дел од енергетските компании стекнаа високи профити. Само ЕСМ во 2022 година оствари 40,88 милиони евра добивка. Овие субвенции најмногу се на товар на обичниот граѓанин . Со политика на рамен данок, малите стопанственици плаќаат иста стапка на данок, како и најпрофитабилните компании.

Додека се оданочуваат работниците, место милионерите и нивното богатство, власта ќе манипулира со парите на сиромашните слоеви и ќе ги дели за субвенции во компании кои работат со огромни добивки.“-стои во соопштението.

06.06.2023 - 18:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега