Левица: Сограѓани, патриоти, Македонци - протестите за одбрана на македонскиот идентитет продолжуваат секој ден во седум

Политичката партија Левица и денеска ќе излезе на протести, па ги повика сите граѓани кои си ја сакаат татковината да се приклучат.

„Левица денес излегува веќе четврти ден на протести, борејќи се против негаторската европска и пробугарска политика кон македонскиот идентитет. Револтот од нивниот игнорантскиот однос кон македонскиот народ сѐ повеќе расте! Народот врие и тоа го покажа вчерашниот протест, со пробивање на оградата пред Владата, сѐ до самата порта на влезот. Народот сака да биде ислушан и послушан, бидејќи се работи за Македонија!
 
Денес од Владата изјавија дека „нема да брзаат со усвојување на документот“, бидејќи наводно консултациите сѐ уште траат и не се исцрпени - иако првичните информации беа дека денес (вторник) ќе биде усвоен од Владата. Ова успорување на текот на настаните е директен резултат на автентичниот народен Отпор на улиците, секојдневно изминативе денови. Но Отпорот мора да продолжи, не смее да го дозволиме обезличувањето на македонскиот идентитет и јазик!
 
Овие се нашите денови. Ова е товарот на нашата генерација. Ова е аманетот на нашите предци!
 
Дојдете и денес, дојдете заедно да го издржиме товарот кој Историјата одбрала ние да го носиме, а потоа гордо да се кренеме, да ја исправиме главата горе и порачаме: НИЕ ДРУГА ТАТКОВИНА НЕМАМЕ!
 
Драги сограѓани, Ние заедно ја пишуваме историјата. Дали ќе нѐ паметат како херои на нашето време или предавници кои ги предале коските на славните илинденци и асномци, од нас зависи! Нема повеќе оправдувања!
 
Во 19:00 часот повторно се гледаме пред Влада - па до Министерството на Бујар Османи“, соопштија од Левица.
05.07.2022 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега