Левица: СДС – ДУИ – ДПМНЕ спремни со физичко насилство врз пратениците да ја рушат демократијата

 

На денешната пленарна седница на Собранието, криминогената широка коалиција СДС – ДУИ – ДПМНЕ се подготвува насилнички, со шверц без преседан, да го донесе новиот Деловник, велат од Левица.

„Иако Левица уредно поднесе над 2.000 амандмани за да спречи носење штетен и недемократски Деловник со кој се укинува филибастеринг – власта е подготвена брутално да ги прекрши собраниските процедури и да ги угнети пратеничките права!

Ваквото насилство е целосно погребување на македонската демократија, а пратениците на Левица се подготвени и физички да го бранат народниот мандат“, истакнуваат во нивната реакција.

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, со коментар: „Се спрема финалниот шверцерат во Собранието на Северна! СДС – ДПМНЕ – ДУИ vs Левица. Договорено е и физичко вадење на пратениците на Левица од пленарната сала, само и само да помине Деловникот со кој опозицијата би станала излишна. Е, па, ок“.

20.11.2023 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега