Левица му поднесе кривична на Гаши за блокада на Законот за бранителите

 

Левица му поднесе кривична пријава на собранискиот спикер, Африм Гаши поради блоката на Законот за брантели.

Пратеникот на Левица Сашко Јанчев образложи дека кривичната за Гаши е зашто претседателот на Собранието не го почитувал Деловникот и направил штета со цел Законот за бранителите никогаш да не дојде на дневен ред во Собранието.

pastedGraphic.png-Законот е заглавен откако Гаши реши да не свика седница на Комисијата за социјална политика откако претседателката на Комисијата не свика седница за Законот за бранителите. Гаши е тој којшто треба да свика седница но тој уште пред еден месец во изјава за медиумите рече дека нема намера да свика седница на Комисијата. Со ова Гаши не си ја исполнува својата деловничка обврска, прави штета и има кривична одговорност и зато му поднесовме кривична пријава – рече Јанчев.

Според пратеникот, Деловникот е јасен зашто откако ќе помине 24 часа ако претседателот на Комисијата не одржи седница за таа точка, тогаш претседателот на Собранието закажува Комисија  иназначува друг член да претседава со седницата.

22.10.2024 - 11:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега