Летале казни во Скопје- изречени над 100 прекршоци
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 101 мерка, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12, седум санкции за непочитување на брзина на движење, три за технички неисправни возила за јавен превоз.
Изречени се шест санкции за користење на мобилен телефон, три за минување на затворен семафор (црвено светло) и 29 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа